Новчовек Отвори ја платформата

Сè за здравјето. На едно место.

Здравјето е расфрлано. Симптом бараш на форум, исхрана на видео, сон во апликација, а за она што те срами, никаде. Новчовек го собира сето тоа под еден покрив.

Направено во Македонија, на македонски, за луѓе што го знаат срамот од прашањето. Почнуваме од тука и не застануваме тука.

01 Идејата

Едно место наместо дваесет отворени прозорци.

Здравјето не е поделено онака како што е поделен интернетот. Еден лош месец ретко живее во една специјалност. Прво се кршат ноќите, потоа исхраната, потоа нервите, а телото почнува да испраќа писма.

Затоа Новчовек има седум врати, именувани според тоа што го чувствуваш, не според тоа како се вика во клиника. Влегуваш под прекар што сам си го измислуваш. Луѓето што одговараат стојат со вистинско име. Твоето не го дознава никој.

Кликни на која било врата подолу и влегуваш директно во неа.

Ова се првите седум, не и последните. Следат кожа, заби, алергии, зависности, детско здравје, стареење. Целта е ништо да не остане надвор.

Што сакаш да видиш следно?

Ако ти недостига нешто, напиши го. Списокот го градиме според тоа што луѓето навистина го бараат.

Примено. Фала што одвои време.

02 Поддршката

Сè што бараме е еден глас.

Новчовек е во натпревар и гласовите од луѓе носат дел од оценката. Не мал дел. Секој глас нè доближува до тоа ова да престане да биде проект и да стане нешто што останува.

Три чекори, помалку од минута

  1. Копчето подолу те носи директно на страницата на Новчовек во натпреварот.
  2. Кликни на like. Ќе те побара да се најавиш.
  3. Најави се со Google или со е-пошта и гласот е запишан. Толку.
Гласај сега

Ако имаш уште десет секунди, испрати го линкот на еден човек. Тоа вреди исто колку и гласот.

03 Целта

Да не мораш да пребаруваш. Никогаш повеќе.

Крајот на оваа приказна е едноставен. Го отвораш Новчовек и таму е сè. Секој аспект од здравјето, без празно место меѓу нив.

  1. Целото здравје, без празнини

    Од првиот симптом до последната контрола. Ништо да не остане надвор и ништо да не биде на друго место.

  2. Одговор од човек

    Лекари, терапевти и тренери со вистинско име и презиме. Ти остануваш прекар.

  3. Сè на македонски

    Напишано онака како што се зборува тука, не преведено од туѓ прирачник.

  4. И она што е локално

    Каде да одиш, што ти треба од упат, колку се чека. Работите што обично се дознаваат преку роднина во болница.

  5. Анонимно, и тоа не по избор

    Кај нас прашањето за сопственото здравје има сведоци. Тука нема ниту еден.

  6. Од локално кон глобално

    Прво Македонија, потоа регионот, потоа сите други што го делат истиот молк. Ако проработи тука, проработува секаде.

А ова нема да се случи

  • Реклами и спонзорирани препораки.
  • Продажба или отстапување на твоите податоци.
  • Прашање за твоето вистинско име.
  • Дијагноза. Новчовек те подготвува, лекарот одлучува.

Ако ти се допаѓа идејата, дај ѝ глас.

Новчовек го градиме овде, за луѓето овде, и допрва почнуваме. Секој глас ни помага да го доградиме до крај и да го однесеме подалеку од границите.

Гласај за Новчовек

Зад ова стои мал тим што го гради ноќе, меѓу другите обврски. Гласот значи повеќе отколку што мислиш. Благодариме.

Дај глас за Новчовек